Вести Свет

Бразилскиот сенат го одобри обвинението против претседателот Болсонаро

Парламентарната истражна комисија на бразилскиот Сенат го одобри конечниот извештај во кој претседателот Жаир Болсонаро беше обвинет за девет злосторства, вклучително и злосторства против човештвото.

Членовите на Сенатот го одобрија извештајот со седум гласа „за“ и четири „против“. Извештајот ќе биде доставен до јавниот обвинител Аугусто Арас, и до судијата на Врховниот суд Александре де Мораес, барајќи отпочнување на судска постапка против Болсонаро.

Во однос на злосторствата против човештвото, одговорноста ќе зависи од Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во извештајот се обвинети вкупно 80 лица, меѓу кои и синовите на Болсонаро и поранешниот министер за здравство.

Болсонаро постојано ја охрабрувал јавноста да не го следи правилото за социјално дистанцирање, се спротивставил на употребата на маски и предизвикувал гужви.

Во извештајот, исто така, се бара суспендирање на неодредено време на профилите на социјалните мрежи, за што Болсонаро беше обвинет дека ги користи за ширење лажни информации.

Минатата недела, Фејсбук и Инстаграм ги отстранија видеата на Болсонаро, а Јутјуб го суспендираше профилот на претседателот на една недела поради неговите изјави за вакцината против Ковид-19 во пренос во живо од неговиот профил на социјалните мрежи.

Болсонаро е обвинет за девет кривични дела, вклучително и епидемија што резултирала со смрт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Дејан Дејан

ПССЕ со оценка: Предизборниот период стабилен очекуваме мирни избори според демократските стандарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе