Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Се зголемува бројот на реинфицирани пациенти од Ковид-19 во Македонија

Бројот на реинфицирани во Северна Македонија во периодот од 18 до 24 октомври изнесува 36 пациенти, што е зголемување од 5,9% во однос на претходната недела.

Според извештајот на Институтот за јавно здрвје пријавени се 79 смртни случаи во 19 градови, најголем дел од нив се од Скопје (29).

Најголем број 88,6% од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години. Регистрирани се четворица починати лица и кај возрасната група од 40-49 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.924 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на мината недела регистрирани сe 2.704 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, што е зголемување од 22,6% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 8,7% до 15,9%, просечно 12,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи 47,5% се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крива Паланка 265,2/100.000 и во Кавадарци 228,9/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=723, 26,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=114; 4,2%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години 72,7% повеќе во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.435 (53,1%) лица од женски и 1.269 (46,9%) од машки пол.

Во периодот 18-24.10.2021 тестирани се вкупно 21.461 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,2% во однос на минатата недела.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе