Македонија Топ вести

Се формира дисциплинска комисија за тепањето ученик во ОУ „ Панајот Гиновски“

Во училиштетото „ Панајот Гиновски“ е започната постапка за формирање дисциплинска комисија која треба да ги утврди околностите и да одлучи како ќе постапи со наставникот по англиски јазик кој физички се пресмета со ученик од 7 одделение, што ја згрози јавоста преку објавеното видео на „ Тик Ток“.Денеска во училиштето беа инспектори од Државниот просветен инспекторат , чии констатации од записникот јавноста ќе ги дознае утре.

Започната  е процедура за формирање дисциплинска комисија  во училиштетото „ Панајот Гиновски“, во Бутел, која ќе ги утврди фактите и ќе одлучи како ќе постапи со наставникот , кој тепаше ученик, ни кажа во телефонски разговор, директорката на училиштето, Ќамуран Реџа.  Денеска во училиштето беа и двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат.

  • Државен просветен инспекторат: Тие ќе соберат документација и ќе направат записник, по што во текот на утрешниот ден ќе ја известиме јавноста.

За случајот, директорката на училиштето го извести МВР, од каде велат дека е извршен разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до обвинителството. А, од ОЈО велат дека се дадени насоки за постапување.  Нема оправдување за агресивното однесување , коментираат психолози во „ Утринска на Телма“. Според нив, ова не е единствен случај и не треба да остане како и претходните само со дисциплинска постапка за наставникот.

  • Ќе остане траума за детето, ќе остане траума за сведоците- одделението кое што гледало.Ова е траума и за самиот наставник. Така што јас тука би зборела малку подлабоко да се разгледа работата , зошто се укинаа психолошките тестирања при вработувањето. Многу е важно да знаеме , кој ни доаѓа во куќата, во институцијата, во фирмата- Розалија Секулоска- советник психотерапевт.
  • Физичкото насилство врз деца е несразмерно.Тоа е несразмерно од позиција на наставник, учител, до дете кое е немоќно во однос …прво годините, физичката сила и се- Крсте Маљановски – психолог.

На видеото кое ја вознемири јавноста, а беше објавено викендов на „ Тик Ток“, се гледа како наставикот првин му удира шлаканица на ученикот, а потоа го крева од земја и го спушта, додека исплашениот ученик се обидува да го заштити лицето, покривајќи го со рацете.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе