Обединети нации го осудуваат насилството во северозападна Сирија и апелираат до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да се воздржат од неселективни напади врз цивилната инфраструктура.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак изјави дека тие се длабоко загрижени поради најголемиот ескалирачки конфликт во северозападна Сирија од постигнатото примирје во март 2020 година.
Во вчерашното гранатирање на Идлиб еден цивили загина, а четворица се повредени. Судири има и различни локации западно од Алепо.
