На илјадници невакцинирани работници низ САД им се заканува отказ бидејќи се повеќе држави, градови и приватни компании почнуваат да воведуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19.
Државниот универзитет во Вашингтон го отпушти својот главен фудбалски тренер и четворица негови помошници затоа што не ги исполниле условите наметнати од универзитетот во врска со Ковид-19.
Илјадници полицајци и пожарникари во градовите како Чикаго или Балтимор, исто така, се соочуваат со отпуштања, бидејќи ќе мора да го пријават својот статус за вакцинација за неколку дена или да подлежат на редовно тестирање кое ќе го плаќаат од свој џеб.
Иако контроверзна, мерката натера многу неодлучни работници да се вакцинираат против вирусот, од кој живот загубија приближно 700.000 луѓе во САД. Досега околу 77 проценти од Американците добиле барем една доза од вакцината.
