Португалските власти запленија 5,2 тони кокаин на јахта која пловела под шпанско знаме во близина на брегот на Португалија, во заедничка акција во која се уапсени двајца Шпанци и еден Перуанец
Запленувањето на 183 пакувања кокаин на Португалската морнарица во предградието на Лисабон претставува најголема заплена на дрога во Португалија.
Ова е најголемата заплена во светот што некогаш се случила, тоа значи дека работиме како мрежа. Ова е исто така најголемата заплена на кокаин на португалска територија направена во последните 15 години, изјави Луис Невес, директор на португалската судска полиција
Тројцата приведени од припадниците на португалската морнарица и воздухопловните сили се осомничени дека припаѓаат на моќна криминална мрежа која организира трговија со големи количества кокаин меѓу Латинска Америка и Европа.
Меѓу нив се наоѓа нарко дилер, против кого е распишана потерница од март, соопштија шпанските власти.
Минатата недела шпанските власти објавија дека заплениле 2,5 тони кокаин на бродот „Голдвасер“, во близина на португалските Азорски Острови.
Мартин Николовски
