Вести Свет

Локални избори на Косово

Повеќе од 1,8 милиони гласачи во Косово имаат право да гласаат на денешните локални избори кои ќе бидат првиот тест за премиерот Албин Курти. Движењето на Курти, Самоопределување, постигна убедлива победа на предвремените парламентарни избори во февруари оваа година. Но, денешните локални избори се одржуваат по серија инциденти во северно Косово. Гласачите ќе изберат 27 градоначалници и повеќе од 800 локални функционери кои ги претставуваат општините во Косово.

Во изминатиот месец дена, речиси и да немаше изборна кампања. Кандидатите излегуваа на терен, но без многу контакти со граѓаните, поради епидемиолошката ситуација, но и поради случувањата на административните премини Јариње и Брњак, а и на северот од Косовска Митровица и Звечан.

Аналитичарите не очекуваат резултатите од парламентарните избори на Косово, на кои победи движењето Самоопределување на Албин Курти да се прелеат и на локалните избори.

Тензијата меѓу Белград и Приштина е во центарот на случувањата, најмногу поради скорешните инциденти во северно Косово. Косовските Срби ги блокираа патиштата и се судрија со полицијата откако властите спроведоа издигнувања насочени кон кршење на прекуграничниот шверц. Премиерот Курти, најави поголем „реципроцитет“ во односите меѓу Приштина и Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претседателски избори 2024 – хроника 17.04.2024

Дејан Дејан

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 19.4.2024

Дејан Дејан

Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот, тврдат медиуми во Израел и САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе