Македонија Топ вести

Даштевски се предомисли, гласањето максимум до 19 и 30, и само за оние што се внатре

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски се предомислии на последната пресконференција рече дека комисијата препорачува гласањето да трае до 19 и 30 и ги повика избирачките одбори да се воздржат од своите редовни активности.

Во согласност со Изборниот законик гласањето завршува во 19 часот и после тоа се затвараат вратите. Во врска со гласањето каде што гласачи се затекнале пред објектот и треба да гласаат, ДИК смета дека е добро да им се излезе во пресрет и на гласачите, но и на медиумите и партиите, па затоа повикуваме до 19 и 30 да се воздржат од своите редовни активности. Проценуваме дека гласачите кои гласаат, ќе влезат во објектите до 19 и 30, така што ДИК смета дека ова е најдобро решение, изјави даштевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе