Експлозија на бомба погоди шиитска џамија во јужната авганистанска провинција Кандахар за време на петочната молитва, при што загинаа најмалку 30 луѓе, потврди официјален претставник.
Муртаза Зарифи, службеник за безбедност во џамијата, тврди дека нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци.
Во нападот, исто така, беа повредени над 200 луѓе.
Талибанските сили ги блокираа сите патишта што водат до џамијата каде што се случи нападот.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи под талибанска администрација, Саид Кости, исто така го потврди инцидентот, објавувајќи преку соопштение дека е започната истрага.
Експлозијата доаѓа неколку дена по самоубиствениот бомбашки напад преземен од страна на терористичката група Даеш/ИСИС врз шиитска џамија во северниот град Кундуз, во кој загинаа 46 лица.
