Свет

Продолжуваат преговорите за формирање на германска влада

Германските социјалдемократи денеска ги продолжуваат разговорите со Зелените и Слободните демократи, за можно формирање на владејачка коалиција.

Лидерот на социјалемократите, Олаф Шолц кој се надева дека ќе биде следниот германски канцелар, се сретна со лидерите на зелените, Роберт Хабек и Аналена Беарбок, и лидерот на Слободните демократи Кристијан Линднер. Доколку трите партии постигнат договор за коалиција, тоа ќе значи дека демохристијаните на Меркел ќе заминат во опозиција по 16 години владеење.

До сега германската влада никогаш не била составена од три партии, но на локално ниво таквите коалиции функционираат нормално.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе