Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс, кој денеска беше избоден со нож за време на средба со граѓани во Есекс, почина.
Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и е опериран.
По нападот полицијата уапси 25-годишен маж и соопшти дека нема да трага по други лица поврзани со инцидентот.
Сер Дејвид Ејмс беше пратеник во британскиот парламент од 1983-та, зад себе остави сопруга и пет деца.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
