Свет

Американскиот Конгрес ќе покрене кривична постапка против поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон

Комисијата на американскиот КОнгрес, која го истражува упадот во Капитол на 6 јануари годинава, соопшти дека ќе покрене кривична постапка против поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон.

Бенон бил повикан да сведочи пред комисијата денеска, но не се појавил во Конгресот, поради штошефот на комисијата за утре закажал гласање за тоа да покренат кривична постапка против него. Доколку биде осуден, Бенон ќе треба да плати парична казна и да одлежи една година во затвор.

Бенон беше политички советник на Трамп за време на пертседателската кампања во 2015 година и продолжи на истата функција во првата година од мандатот на Трамп. Од Белата куќа беше отпуштен во 2017 година, што значи дека за време на упадот во Капитол тој не беше дел од извршната власт. Но конгресната комисија ја интересира неговата комуникација со тогашниот претседател во заминување Доналд Трамп, една недела пред да се одржат протестите кои завршија со упад на демонстрантите во американскиот законодавен дом.

Покрај тоа, членовите на комисијата сакаат да го испрашаат и за неговото учество во ковањето на плановите како да се поништат изборите.

Адвокатите на Бенон сметаат дека според „извршната привилегија“ неговите разговори со тогашниот претседател се тајни и тој нема намера да се појави пред комисијата, се додека не добие судска наредба.

Демократите, кои се мнозинство во комисијата која го истражува упадот во Конгресот, го обвинија Бенон дека сака да ја одолговлече постапката до изборите за Претставничкиот дом следната година, надевајќи се дека републиканците ќе го преземат мнозинството и ќе ја прекинат истрагата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе