Вести Свет

(ВИДЕО): Пукањето во Митровица при судирите на косовската полиција и Србите

На видео кое го објави kosovo-online.com, се гледа како во близина на насобраните Срби во Митровица, во Косово, се слушаат рафални истрели поради што групата се растура и додека некои бегаат на сигурно, други мажи легнуваат на трева.

На снимката се гледа и како неколкумина од насобраните трчаат со пивски шишиња во раце.

Судирите  избија денеска во Митровица по акција на косовската полиција во северниот, претежно со Срби населен дел од градот, каде се барала шверцувана стока. Слични акции имало и во други градови, населени со Албанци, објавија косовските власти, додека Белград ја оцени акцијата како упад и провокација за преостанатите косовски Срби.

И двете страни се обвинуваат за отпочнување и провоцирање на крвавите инциденти.

Во инцидентите се повредени 6-мина косовски полицајци, а три лица се повредени, соопшти косовската полиција.

Сепак, најтешко помина Србин од северот на Косово кој е застрелан од косовските специјалци Росу и е тешко повреден и хируршки згрижен во болница.

Меѓународната заедница повика на смирување на насилствата, додека српскиот претседател Вучиќ во градчето Рашка во Србија се сретна со претставници на косовските Срби и им порача дека „Белград е секогаш со нив“.

Минатиот месец косовската влада предводена од Албин Курти испрати специјална полиција на премините кон Србија на север на Косово кои Приштина ги смета за државни гранични премини, а Србија за административни премини. Косовските власти тогаш бараа од возилата со српски таблички да ги менуваат на границата со привремени, без разлика дали табличките се со српски ознаки за косовски градови или за градови од внатрешноста на Србија.

Србите поставија блокади, а на крај со посредство на меѓународната заедница тензиите привремено се смирија со обврски за двете страни.

Денеска пак после акција против шверцувана стока, состојбата ескалираше со пукање, шок бомби, солзавец и фрлање на камења кон косовската полиција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе