Вести Македонија Топ вести

Притвор за Камерунците кои носеле речиси 1.000.000 лажни евра

Судот определи притвор на двајцата камерунци кои беа фатени откако слетаа на скопскиот аеродром бидејќи се осомничени за фалсификување евра. Тие на 4 октомври стигнале на аеродромот, без пари, без документи за влез во земјава, но со полна опрема за изработување на лажни банкноти.

Во багажот кај првиот осомничен имало 3.744 парчиња црна хартија а кај вториот 5.632 парчиња бела хартија исечени со идентична големина како оригинални евро банкноти со принт како  50, 100, 200 и 500 евра.

Вкупниот износ на фалсификуваните евро банкноти во рана фаза за изработка изнесувал 902 илјади евра. со нив имале и  две шишиња со течност со жолтеникава и темно-црвена боја, кои се користат за разликување на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, и УВ-ламба.

Обвинителството побарало притвор бидејќи се странски државјани и иако по потекло од Камерун првиот е државјанин на Франција а вториот на Луксебург. Обвинителството стравува дека може да избегаат.

Инаку откако слетале на аеродромот во Скопје, Камерунците останале во транзитна зона на аеродромот бидејќи немале визи за влез. Полицијата не ги пуштила да влезат на територијата на Македонија, но им ги одзела лажните евра и чекала да заврши вештачењето.

Откако добиле виза, во петокот биле пропуштени преку аеродромската гранична контрола и веднаш биле уапсени бидејќи вештачењата покажале дека станува збор за фалсификувани евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе