Култура

Почнува фестивалот „БУКСТАР“- вечерва промоција на книгата „Viola arsenica; белешки за поезијата“

Под слоганот „GENRESIS“ од 12 до 15 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи седмото издание на „БУКСТАР“ – фестивал на Европска литература.

Помеѓу прашањата кои ги поставува овогодинешниот фестивал, кој е во организација на Книжевниот центар „Антолог“, се дали Ковид-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега и како литературата ќе си го најде своето место во овие застрашувачки моменти?

Оваа година пред македонската публика со лично присуство во Скопје ќе бидат претставени дури девет автори кои ќе ги промовираат своите дела, помеѓу кои Катарина Винклер, Влада Урошевиќ, Огнен Спахиќ, Сјон, Миодраг Мајиќ, Балсор Хоџа, Марина Вујчиќ, Софија Лундберј и Михаела Гашпар.

Академикот Влада Урошевиќ, вечерва во 21 часот, во рамките на Фестивалот ќе ја промовира книгата „Viola arsenica; белешки за поезијата“. Станува збор за книга во која авторот ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори.

Во рамките на фестивалот се најавени и тркалезна маса на тема „Превод/комуникација/разбирање“, настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на Станислав Лем, книжевна дискусија на тема „Книжевни жанрови: систем или креативен хаос“, работилница за креативно пишување од страна на Сјон, книжевно читање „Ти реков, ми рече“, познатиот книжевен поткаст „Гол ручек“ во живо, Саем на европската литература и многу други содржини.

Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен, а за време на фестивалот ќе бидат почитувани актуелните ковид-протоколи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе