Вести Ковид19 Најважни

Непознат лекар лекувал заболен од Ковид дома, но пациентот починал – ДЗСИ апелира болните да не се лекуваат дома без документ од матичниот лекар

Случај на домашно лекување на пациент болен од Ковид 19 кој на крај починал во болница каде е однесен во тешка состојба е пријавен во полиција, извести Државнио здравствен и санитарен инспекторат.

Инспекторатот (ДСЗИ) со апел до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Директорката на инспекторатот д-р. Ирина Бухова вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје, стои во соопштението на ДСЗИ.

Од Инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала, стои во соопштението.

Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај.

Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе