Австрија денеска доби нова влада, два дена откако канцеларот Себастијан Курц поднесе оставка затоа што беше под истрага за корупција.
Новиот канцелар, Александар Шаленберг, поранешниот шеф на дипломатијата, положи заклетва пред претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен.
Како министер за надворешни работи го наследи дипломат од кариера Мајкл Линхарт, актуелен амбасадор во Париз.

52 -годишниот Шаленберг им рече пред новинарите дека ќе стори сé за да ги „затрупа рововите“ предизвикани од неодамнешната владина криза.
Тој доаѓа од истата партија како Курц, поради што не се очекува промена во насоката на владината политика.
Шаленберг рече дека ќе продолжи тесно да соработува со Курц, со кого има цврсти ставови за имиграцијата.
35-годишниот Курц ќе остане на чело на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и во иднина ќе биде шеф на нејзиниот парламентарен клуб, што значи дека ќе остане во центарот на австриската политика додека се бори против обвинувањата за корупција.
