Вести Свет

Вулканот на Ла Палма исфрла парчиња лава во големина на трокатници

Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма Ова следеше по серијата земјотреси што ја потресоа земјата, три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт (ИНГ).

Во соопштението се наведува дека во текот на денот биле регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото имало јачина од 3,8 степени, а засегнати се селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо.

„Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеха, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус. Колапсот на северниот дел од вулканот Кумбре Виеха предизвика ослободување на големи блокови материјал и појава на нови потоци што минуваат низ веќе евакуираните области“, пишува во објавата на Твитер на шпанското Министерство за национална безбедност.

Лавата, чија температура достигнува 1.240 степени Целзиусови, ги уништи последните преостанати згради во селото Тодоке, објави Институтот за вулканологија на Канарските Острови.

Од 19 септември, лавата уништи 1.186 згради и 493 хектари земја.

Околу 6.000 луѓе беа евакуирани од своите домови на островот Ла Палма, кој има околу 83.000 жители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе