Вонредна состојба во земјата поради снабдувањето со електрична енергија прогласи албанскиот премиер Еди Рама. На граѓаните им објасни дека ситуацијата е диктирана од растот на цената на електричната енергија на меѓународните пазари. Струјата секако ќе поскапи, рече Рама во вонредното обраќање до јавноста, но државата ќе ги заштити малите бизниси и граѓаните од овој ценовен шок преку националниот план, односно државата помош за дистрибутивните компании од 200-те милиони евра.
Високите сметки за гас и струја веќе почнаа да чукаат на врата кај граѓаните од ЕУ. Цената на гасот во унијата само во септември скокна за 17%. Она што во моментов се случува во Европа е скапа збрка, пишува Блумберг, но се е поради тоа што Европа веројатно ја потцени должината на пандемијата и не создаде доволно свои резерви, објаснуваат аналитичарите.
Тие (Европа) не купуваа доволно, не направија доволна залиха за време на пандемијата. Можеби затоа што ја потценија побарувачката која ќе се случи по пандемијата, мислеа дека пандемијата ќе продолжи, карантините ќе траат подолго, затоа немаат залиха, но оденаш се во недостаток и од обновливите извори, како ветерната енергија во Италија или Северното Море, кои не произведуваат доволно. Немаат залиха, затоа што не купија доволно гас, а потоа немаат доволно енергија и одеднаш сфаќате „дали ќе имаме доволно суровини за енергетските фабрики – треба да почнеме да купуваме“, вели БРАЈАН САЛИВАН, НОВИНАР АНАЛИТИЧАР ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ
Тука на сцената стапува Руски Газпром, кој испорачува 37% од количеството на гас кој се увезува во ЕУ, и е најголемиот доставувач. Иако рускиот концерн се држи до договорите и вели дека не може да достави поголемо количество, сепак е можно Русија сега да го зголеми притисокот за да ѝ стави на ЕУ до знаење колкава е зависноста.
Предложивте да се зголеми залихата на гасот на пазарот за да ја намалиме шпекулативната побарувачка и пазарните превирања во Европа. Можеме тоа да го сториме, но не со цел врз европските купувачи, туку на берзата во Санкт Петерсбург. Ако ова ја намали трескавичната побарувачка, можеме да го направиме, а и не мора, но секако не на наша штета, изјави ВЛАДИМИР ПУТИН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА
ЕУ во текот на наредната недела ќе го соопшти планот за спас од кризата. Пакетот мерки ќе ги имплементира секоја земја одделно. Според познавачите, излезот се гледа само преку домашното производство на енергија, но најмногу преку обновливите извори на енергија. Франција размислува за замрзнување на цените на енергијата до пролет. Но, Како тоа би требало да функционира и кој на крајот ќе го плати чекот за енергија за домаќинствата со ниски примања, останува нејасно.
Во моментов цената на струјата на берза е зголемена за 4 до 5 пати повеќе во споредба со лани истиот период. 1MWh се продава за повеќе од 180 евра за разлика од лани кога се продавало за 50 евра. Но, и ова се должи на воведувањето на ЦО2 такса на компаниите кои произведуваат струја на јаглен. Целата оваа приказна најмногу ги погаѓа граѓаните. Сметките кои ќе дојдат до домаќинствата во ЕУ се очекува да бидат повисоки за 50% и повеќе.
Алиса Шутиноска
