Вести Најважни Свет

(видео) Курц во обраќањето до јавноста: И јас сум само човек

Австрискиот канцелар Себастиан Курц поднесе оставка на функцијата, по притисокот од јавноста и опозицијата поради неговата наводна вмешаност во коруптивни скандали.

Во обраќањето до нацијата Курц рече дека секогаш се обидувал да даде свој придонес за Австрија, а додаде дека во изминатата година и пол многу се барало од него. И јас сум само човек, рече Курц и додаде дека државата му е поважна од него самиот. Оставката е привремена, и рече дека планира да се врати на функцијата кога ќе ја докаже својата невиност, односно кога обвинувањата на обвинителството ќе се покажат како неосновани.

За негов заменик го предложи министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. Курц заедно со уште девет негови соработници е обвинет дека користел владини пари за партиски цели. Истрагата ја започна државното обвинителство за економски криминал. Тие се обвинети за проневера на даночни пари во 2017 година, кои ги користеле за медиумски кампањи во корист на партијата. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата, но опозицијата инсистираше тој да одговара, а изминативе денови на улиците во Виена се одржаа масовни протести со барање за негова оставка.

Курц, исто така, е под истрага за наводно  лажно сведочење пред парламентарната комисија за расветлување на таканаречениот скандал „Ибица“, во чиј ек тогашната популистичко-либерална влада, составена од популисти и екстремно десничари, падна пролетта 2019 година. И за тој случај, Курц се изјасни за невин.

35-годишниот Курц засега ќе остане претседател на партијата и претседател на клубот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе