Ковид19 Македонија Топ вести

Од вторник ќе се бара согласност од родителите за тестирање на учениците

Иако најавено дека неделава ќе започне селекцијата на ученици по случаен избор за скрининг и прашувањето на родителите дали се согласни нивното дете да биде тестирано – процесот сè уште не започнал. Допрва ќе се бараат одговори дали Корона вирусот се крие и пренесува помеѓу најмладите односно помеѓу учениците. Експертите велат дека иако примерок од 8.200 ученици колку што ќе бидат дел од процесот не е голема бројка земајќи предвид дека има над двесте илјади ученици во земјава, сепак ќе биде доволно да се добие одреден показател, со оглед на тоа што голем дел од учениците не се ни свесни дека се или дека биле заразени, бидејќи повеќето се асимптоматски носители на вирусот. Иако родителите чекаат повеќе информации и детали за Корона-скринингот на нивните деца, од Министерството за образование и наука сè уште не сакаат ништо да откријат.

Институциите соработуваат, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има информации коишто треба да бидат споделени со јавноста, истите ќе бидат изнесени формално од институциите, рече министерката Царовска.

Од Министерството за здравство, пак, во одговор за Телма велат дека во овој момент се креира примерокот и се прецизира во кои училишта – кои деца ќе се тестираат. Во вторник, кој е и прв работен ден во следната недела, ќе започне прибирањето дозволи од родителите или старателите за тестирање ученици. Како што информираат здравствените власти, токму скринингот на учениците ќе даде одговори за понатамошниот тек на менаџирањето на образованието во време на пандемија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрација на возила, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

За изборите има пријавени 6 кандидати со само 18 години, тројца 90-годишници се борат за пратеничко место во третата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе