Свет

Најмалку 20 лица загинаа во земјотрес во Пакистан

Најмалку 20 лица загинаа, а голем број се веројатно затрупани под урнатините во денешениот силен земјотрес, кој го погоди југозападниот дел на Пакистан.

Земјотресот ја погоди провинцијата Балуџистан во близина на границата со Иран в зори, додека луѓето спиеја.

Пакистанската метеоролошка служба соопшти дека јачината на земјотресот била 5,9 степени. Епицентарот е на околу 100 километри западно од главниот град на провинцијата Квета. Стотици куќи се целосно уништени во најтешко погодениот округ Харнаи.

Најмалку 300 луѓе добиле медицински третман во болниците, рече провинцискиот министер за внатрешни работи, Зија Лангов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе