Вести Свет

(ВИДЕО)Силен земјотрес во Далмација- луѓето се излезени на улици на силен дожд

Околу 22 часот е регистриран силен земјотрес во Хрватска, во близина на најголемиот далматински град Сплит.

Првичните податоци на EMSC беа дека станува збор за земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала, но, подоцна државниот сеизмолошки завод на Хрватска ја коригираше јачината и ја намали на 4,6 степени.

Епицентарот се наоѓа на 40-тина километри од Сплит, на работ на Ливањско поле, а во близина на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

„Слободна Далмација“ објави дека пожарникарите во градовите Сплит и Сињ не добиле повик за помош иако потресот бил силен и се почувствувал во градовите во Далмација.

-Никој не се јави да побара помош. Ни се јавија само роднини и пријатели да прашаат како сме и дали сме го почувствувале. Ваков силен земјотрес последен пат имаше во 90-тите години од минатиот век, изјавил за „Слободна Далмација“ дежурниот пожарникар во Сињ.

Во градчето Триљ, лоцирано во епицентарот, граѓаните биле алармирани со црковните ѕвона, а по улиците на далматинските градови има излезено луѓе поради силниот земјотрес, објавуваат хрватските медиуми.

Во време на земјотресот, во погодениот регион врнел силен дожд, но граѓаните излегле на улиците, а оние што живеат на повисоките катови од претпазливост најавуваат дека ќе спијат во своите автомомобили. Главно граѓаните на Сињ и на Триљ се жалат дека не забележале оштетувања на зградите, но во домовите виделе како им се нишаат лустерите и како паѓаат предмети кои не биле зацврстени на полиците.

во видеото објавено на ФБ профилот Имочки црњаци се гледа дека сепак има оштетувања на куќи односно пукнатини по ѕидови.

-Потресот траеше неколку секунди, а според она што го слушнав епицентарот е во населбата Јабука во Триљ, изјавил градоначалникот на Триљ Иван Бугарин за хрватските медиуми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе