Македонија Најважни

РКЕ за Телма: Ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила

Во разговор за Телма, портпаролката на РКЕ го потврди инциденот и информираше дека претседателот се чуствува добро .

“РКЕ е работи согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постпките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем” рече Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Доцна синоќа Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери. Врз основа на пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит, од РКЕ одлучиле да поведат постапка против компанијата.

Синот на Муса Џафери го нападнал Бислимоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе