Македонија

Пократка работна недела е чуден предлог за УПОЗ, бараат пократок работен ден

Пократок работен ден или пократка работна недела? Синдикатот е за првото, Министерството за информатичко општество за второто, јавноста ни за едното, ни за другото. Предлогот, административците во петок да работат само четири часа, односно работната недела да им трае 36 часа, наиде на остри критики дека,  ќе добијат уште незаслужени привилегии.  За синдикатот на работниците од управата и правосудните работници, предлогот е чуден и недоволно објаснет.

Овој синдикат предлага кратење на работниот ден за еден час, односно, 35 часовна работна недела, со што сметаат дека ќе се зголеми ефикасниста и креативноста. Се повикуваат на истражувања дека, работниците се ефикасни само 6 до 6 ипол часа во текот на денот и дека, со кратењето се штеди на електрична енергија, а се враќа квалитетот на живот и семејните вредности. За бизнис конфедерацијата, предлогот не е фер кон останатите и мора да се разработи.

Бошков критикуваше дека, администрацијата е неефикасна, превработена и генератор на корупција. Деановски, пак, смета дека ова е нереална перцепција, затоа што, според него, не се корумпирани шалтерските работници, туку менаџерите и замениците министри. Укажа дека, на некои места административците немаат ни сијалици во канцелариите, а камоли компјутери, имаат проблеми со греењето, а просечната плата кај 95 проценти не надминува 21 илјада, додека дел се и под минималната плата. Обвини и дека, премиерот самиот ја засилува таа негативна перцепција со изјавите дека администрацијата не е ефикасна.

Заев деновиве се изјасни против законот, велејќи дека,  граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно и подолго, ако сакаме  швајцарски плати. Од Министерството не одговорија на нашите прашања, со што го оправдуваат ваквиот предлог. Но, во повеќе држави веќе се спроведуваат вакви експерименти.

Јавната администрација во Данска и во Исланд работи само до четврток. Четиридневна работна недела тестираат и компании во Нов Зеланд,  Јапонија и Шпанија. Во Финска се заговара шестчасовен работен ден, а во Холандија, праксата на „Опуштен петок“ трае веќе подолго време, каде работното време завршува малку порано.

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе