Свет

Цроногорскиот претседател Ѓукановиќ и српскиот министер Мали се листата на „Пандора документи“

Пандорините документи ја отворија пандорината кутија. Светски и балкански лидери, политичари и бизнимсени, актери, музичари и спортисти имале или соработувале со офшор компании преку чии банкарски сметки криеле пари и затајувале данок.

Од Балканот, засега во документите се спомнува актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ кој заедно со неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства со два фонда, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании во пет држави – Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, побара Обвинителството да спроведе темелна истрага за овие наводи порачувајќи дека секое незаконски стекнато евра на сметка на граѓаните на Црна Гора ќе биде вратено во Буџетот.

Од Кабинетот на Ѓукановиќ пак соопштија дека станува збор за уште еден во низатаовиди за дискредитација на претседателот.

Во „Пандорините документи“ е и името на актуелниот министер за финансии на Србија и поранешен градоначалник на Белград Синиша Мали, кој преку две офшор компании чиј сопственик е тој кушил 24 луксузни станови вредни пет милиони евра во резортот „Свети Никола“ на брегот на Црното море во Бугарија. Овој скандал го истржуваа новинарите на редакцијата „Крик“ уште во 2015 година, Мали тогаш призна дека има само еден стан а претседателот Вучиќ ги обвини новинарите дека лажат и водат црна кампања.

Невладиниот сектор и опозицијата бараат итно разрешување на министерот Мали и тврдат дека тоа нема да се случи бидејќи тој е еден од клучните луѓе на претседателот Вучиќ.

Истражувачките новинари го ископаа и името на Никола Петровиќ, кум на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој преку офшор фирма во Луксембург за 100 илјади евра  ја купил авиокомпанијата „Ер Пош“ на контроверзниот бизнисмен Станко Суботиќ.

Политичари и бизнисмени од регионот но и од Македонија се најдоа и во „Панама документите“ објавени во 2016 година според кои десетина македонски бизнисмени имаа регистрирано оф шор фирми во Панама и Белизе

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе