Македонија

Граѓански активисти и образовните власти повторно се скараа за учебниците

Прекршен е постоечкиот Закон за учебници и децата од прво и четврто одделение на училиште добиваат материјали за учење наместо книгите коишто според законите во земјава се основен извор на знаење, алармираат од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Според податоците со коишто располагаат од 88 училишта освен за распределените материјали, тврдат дека во голем дел нема ниту од ветените таблети, а има училишта каде што не се пристигнати ниту смарт-таблите, со образложение дека ќе бидат донесени по локалните избори.

Поради тоа, денес од Иницијатива поднеле претставки до Народниот правобранител и до Државната комисија за спречување на корупцијата, и бараат кривично гонење ако се утврди дека има одговорност на службени лица. Но, министерката за образование и наука Мила Царовска одговара дека испечатени се учебници во доволен број, а токму инсистирањето на дел од родителите за печатење на истите е спротивно на интересите на децата.

Децата треба да бидат подготвени и за кодирање и дигитално живеење во втората половина на 21 век, тврди министерката додека пак од Иницијативата за учебници и настава ги повикаа наставниците да бојкотираат и слободно да користат и други воспитно педагошки извори и материјали за нивната настава.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе