Македонија Најважни

Фајненшл тајмс: „Западен Балкан во ЕУ до 2030 бара Словенија“

Актуелниот претседавач Словенија притиска, амбасадорите во Брисел вџашени од предлогот цел Западен Балкан до крајот на 2030-та година да бидел дел од европската унија.

Предлогот за брз прием на земјите меѓу кои и Македонија доаѓа во пресрет на самитот ЕУ- Западен Балкан следната недела, а бил испорачан на состанокот на амбсадорите во Брисел пред два дена, пишува угледниот британски весник Фајненшал тајмс во денешната анализа.

Весникот пренесува дека предлогот од другите земји членки бил оценет како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот.

  • „Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот. Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија,“ пишува Фајненшал тајмс.

Според весникот, дипломатите од земјите-членки што сакаат Брисел да ги забрза преговорите со Западен Балкан, главно од истокот и југот на ЕУ, се за „амбициозен“ наратив на самитот за приклучувањето, но признаават дека поставувањето цврст рок е политички експлозивно прашање, пренесува весникот.

„Потребна ни е декларација, тоа е многу важно. Но, Декларацијата со одреден датум за пристапување нема да биде прифатена, “ рече еден дипломат од ЕУ

Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува во Словенија на 6 октомври, а на него ќе учествуваат лидерите на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Весникот посочува дека односот на ЕУ кон регионот дополнително се комплицира со фактот што пет земји-членки, Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија, не го признаваат Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година.

Во пресрет на самитот, актуелната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, го посети регионот и вооедно Македонија ја повтори својата поддршка за влез на земјите во Унијата. Политичарите во регионот на ова прашање гледаат со голема фрустрација, додека апетитот за понатамошно проширување е мал во многу од поголемите земји-членки на Унијата, наведува весникот.

МНР: Надгробната плоча во Клепач не е заштитено културно обележје, туку приватен гроб и надгробна плоча

Европската комисија им укажа на националните влади дека „што е можно поскоро“ треба да се постигне напредок со Албанија и Северна Македонија, се наведува на крајот од анализата на весникот.

На истекот на претседателството на Германија Македонија се соочи со блокада на преговарчката рамка од страна на Бугарија ,а година претходно токму земјата која од први јануари ќе го превземе претседателството со унијата, Франција наложи нова методологија за преговори со земјите кандидатки ЕУ и не донесе одлука за почеток на преговори со Скопје и Тирана.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе