Вести Македонија

По неколку бегства од полициска потера, специјалци и тајната служба АНБ заеднички го најдоа озлогласениот Мали Репки

Полицијата неколку пати имала сознанија за локација на која се наоѓа 30-годишниот Зулќуфли Нуредини познат во скопското подземје како Мали Репки, но секогаш кога оделе на посочените места не го наоѓале.

Сомневањата се дека имал многу јатаци, но и извори во полициските редови поради што последната акција за негово апсење била изведена ноќта петок меѓу сабота.

Нуредини бил баран по потерница за два обиди за убиство, но важел за опасен поради што во акцијата биле ангажирани специјалците тигри. Нуредини алиас Мали Репки бил под сомнеж и дека имал учество во повеќе насилни кривични дела, како што се изнуди, рекетирања на бизнисмени и на повратници од дијаспора, како и дека учествувал во организација и подметнувања на пожари на автомобили.

Во последната акција учествувале дури и припадници на безбедносната служба Агенција за национална безбедност.

Вечерта во петокот биле исфилтрирани разузнавачки информации и дојави дека Репки се криел на различни локации. За да се избегне пропуст или оддавање, акцијата била организирана од специјалци –тигри.

На локацијата, кај велешкото село Лавчани Нуредини бил пронајден и уапсен, а немало употреба на огнено оружје. Полицијата потврди дека уапсениот сега е предаден на обвинителство.

-Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ на 02.20.2021. во 1.40. часот на локалитет Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н, (30) од с. Батинци, кој се бараше по потерница поради основано сомнение за извршени повеќе кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“. Лицето е предадено на надлежното јавно обвинителство, официјално соопштија од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе