Македонија

26 години од атентатот врз првиот претседател на Македонија Киро Глигоров

Денеска се навршуваат 26 години од атентатот врз првиот претседател на Македонија Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Слександар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.

Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во собранието.

Во автомобил „ситроен ами осум“, биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на глигоров се движеше кон зградата на собранието. киро глигоров почина на први јануари 2012 година на 94 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе