Македонија Топ вести

Лажните вести и сајбер напади поттикнување недоверба во институциите и креирање конфликти

Пандемијата со КОВИД 19 и лажните вести  покажа дека новите  форми на напади за кои се користи современта технологија,   можат сериозно  да ја поткопаат довербата во државните  инстиуции,  велат стручњаците.  Хибридните закани се глобален проблем кој бара глобални решенија, а членство во НАТО  ќе биде  логистичка поддршка за Македонија  во справување со овие појави.

Лажни вести, сајбер напади, саботажи, шпиунажи и многу други активности  се сериозен глобален проблем, а Македонија како дел од Западен Балкан е на силен удар на овие хибридни закани, како што ги нарекуваат  експертите. За овие форми на  напади  се користи  соврмената технологија, а целта е слабеење на државите, поттикнување недоверба во  институциите и креирање конфликти.

  • Мислам дека сме постојано под таа пресија, КОВИД 19 го покажа тоа и во едукативниот сиситем, и во здравствениот систем и  во примањето на лажни вести. Сето тоа влијае на психичката свест  кај секој поединец, а со тоа всушност ви се дерогира и државата, вели вели проф. др. Методиј Хаџијанев.
  • За разлика од пред 20-30 година кога се  освојуваа територии или се предизвикуваа конфликти со оружје, со тенкови и топови, сега нас ни е потребен еден комјутер, лаптоп,  едно копче со кое ќе бидат загрозени критичните инфрасруктурни проекти кои ги има  државата, а сега на на удар е населението во однос на лажните вести, вели проф.др Марјан Ѓуровски, од Факултет  за безбедност

Хибридните  закани  ја наметнуваат  потребата   од градење на еластично општество  кое    ќе биде подготвено да го врати ударот со соодветни кампањи и едукација, а  потребни  се и  нови стартешки јавни политики, велат експертите

  • Затоа сметам дека е потребни  важно подигањето на државните капацитети, градење на стратегија во делот на сајбер безбедноста за заштита од хибридните закани и лажните вести, подигање на капацитетите медиумските куќи, но и медумската псименсот, особено кај младите кои се изложени на теории на заговор, каков што е примерот со вакцинација. Исто така, протерувањето на руските дипломати во неколку наврати е за поздравување затоа што јасно упатуваме проака во кое семејство припаѓаме, вели Ѓуровски.

Членството  во НАТО и Центарот за борба против лажни вести и хибридни закани кои ќе се отвори во рамките на Министерството за одбрана ќе бидат  сериозна логистика на македонските државни институции за справување со овие  напади, вели Ѓуровски.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе