Македонија Најважни

Сојузот на извидници го суспендираше скопскиот одред по скандалот со летниот камп

Додека обивинителството трага по вистината што навистина се случувало во летниот камп близу Злениково Скопкско минатата недела осуда стаса и од матичната организација на извидниците. Во опширното соопштение првата осуда е за начинот на известување на одредни меидуми, па закани со претставки кон медиумите,  потоа следи објаснување за нивните долгогодишни активности за сосема на крај да се оградат и да осудат било какво вознемирување на малолетници. И тие се впуштиле во интерена истрага за одговорност по обвинувањата за вознемирување на малолетници во сексуална конотација од страна на родители а додека трае официјалната истрага Сојзуот на извидници на Македонија се дистанцира и го суспендира скопскиот одред.

  • Сојуз на извидници на Македонија: „Заради претпазливост и независност на активностите за расветлување на настанот, Старешинството на СИМ, во согласност со одредбите од Статутот на Сојузот, донесе одлука за привремено оддалечување од активностите, односно суспензија на Прв Скопски Извиднички Одред, од Сојузот на извидници на Македонија. Конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот.“

Обвинителството побара а  полицијата ги распрашаа учесниците, но и одговорните за летниот камп  во кои под превезот на сексуална едукација шестнаесет  годишни деца  импровизирале секс пози, биле распрашувани за бројот на сексуални партнери и требале да  симулираат секс. Дали и какви кривични пријави ќе бидат поднесени обвинителство треба да соопшти откако ќе ги собере сите докази. Тоа го очекува и скопскиот гррадоначалник кој потврди дека градот финансиски помагал градски организации и здруженија но за сексуално образование во средни училишта, не во извиднички кампови.

Прв скопски извиднички одред по три ден молк од скандалот се огласи и сведоштвата на децата изнесни од родители ги оцени како извадени од контекст до целиот настан. Осуда стаса и од народниот правобранител кој отвори предмет, а невладините поврзани со сексуланото здравје и образование очекуваат разврската на случајот да ја даде обвинителстовото во најкус рок.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе