Македонија Топ вести

На митинзите ретко кој носи маска или почитува дистанца, а политичарите се прегрнуваат

На митинзите на политичките партии се изгледа како да нема пандемија. Речиси  никој не почитува протоколи за заштита од КОВИД 19, ретко кој носи маска или почитува дистанца, политичарите се прегрнуваат меѓу себе,  срдечно се поздравуваат со граѓаните, иако владините мерки  важат и  за настани на отворено. Некои од симпатизерите на политичките партии  присутни на митинзите  велат дека  се свесни  за ризикот, затоа што протоколите не се почитуваат,  но се надеваат дека ги штити вакцината.

  • Ниту дистанца се одржува, ниту маски се носта. Така беше за СДСМ, така и за ВМРО ДПМНЕ вечрва.
  • Слабо се почитуваат, ама не се плашам, вакциниран сум. -Никој не носи маска, ретко многу, слабо се почитуваат.-Треба да се почитуваат, се почитуваат протоколите, но првенствено треба сите да се вакцинираат, велат граѓаните.

Никој не бара сертификат за вакцина или прележан КОВИД, иако според протоколите  ваков документ е  задолжителен и за настани на отворен простор.

  • Никој не ми побара сертификат за вакцина, иако имам, еве носам. -Не, никој не бара сертификат, велат граѓаните.

На митингот на владеачаката СДСМ во Битола, имаше редара ,но повеќе се грижеа за естетиката отколку за здравјето на присутните. Не бараа сертификат, но бараа никој да нема во близина на бината,  со објаснување дека тоа лошо изгледа. Местата за седење беа на пропишана дистанца, а  оние  стоеја  беа еден до друг, без растојание  и повеќето без маски.  Но, партијата тврди дека води здарвствено безбедна кампања, затоа што сите учесници во органзиацијата и говорниците на караваните се вакцинирани.

Во организацијата на изборните каравани на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина” функционираат и ковид координатори кои се грижат за почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. Обезбедени се и средства за хигиена на самиот влез, а местата на седење се со строго почитување на предвиденото растојание.“- велат од СДСМ.

Митингот на ВМРО ДПМЕН синоќа се одржа на плоштадот Магнолија, а таму можеше да се види истата слика. Политичари и граѓани без маски, никој не држи растојание, не почитива протоколи, ниту пак се бара сертификат за вакцина.

Без потребното растојание, а  повеќето и без маски,  беа учесниците на митингот на ДУИ што се одржа на затворено, во спортскаат сала на медицинското училиште во Тетово. На  промотивниот настан на ЛДП во Битола, дел од присутните беа во затворен, а дел во отворен простор, со поставени столчиња на растојание, но малкумина носеа маски, а сертификат за вакцина не се бараше. Трибината на Алијанса/Алтернатива во Битола се одржа на отвроено, без голема масовност, заштитна маска носеше само еден граѓанин, а сертификат за вакцина не побара никој.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе