Вести Македонија Најважни

Последен ден од Пописот, ДЗС уверен дека ќе заврши во законскиот рок

Согласно Законот за попис, денеска е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година. До вчера во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, додека можноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Продолжување на Пописот засега не е побарано од Државниот завод за статистика, кој, како што посочи вчера владиниот портпарол Душко Арсовски, ќе го има последниот збор за тоа.
Директорот на ДЗС Апостол Симовски, вчера изрази уверување дека Пописот ќе заврши во законскиот рок и потврди дека досега немаат побарано продолжување.

Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави Симовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе