ЕУ нема да ја напушти политиката на проширување, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој гостуваше во вестите во 15.30. Не може да тврди дека во декември Македонија ќе ги почне преговорите, но е убеден дека ЕУ нема да ја напушти политиката на проширување. Османи не сакаше денеска да ги открие пораките и идеите кои ги донел еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи кој минатата недела беше во посета на Софија. Османи вели дека се разговара и дека по изборите во двете земји се отвора можност прашањето за спорот со Бугарија да се затвори. Со министерот Османи разговараше Тамара Грнчароска.
Ексклузивно за Телма: Османи: ЕУ нема да ја напушти политиката на проширување
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
