Политичките партии ја почнаа кампањата за локалните избори далеку пред законскиот старт на 27 септември, меѓутоа ниту една државна институција не реагираше заради што јавноста има впечаток на неказнивост на партиите, сметаат антикорупционарите. Во очи на изборите ДКСК организрала дебата околу локланите избори и транспарентноста, на која партиите воопшто не зеле учество.
Отсуството на санкции е причината поради која партиите не внимаваат на своите кампањи, програми и ветувањата, и поради тоа има и ниска политичка култура со која се влијае врз јавното мислење. Инстутициите кои што треба да реагираат немаат доволно капацитети или интегритет.
Еден од начините на кои се забиколуваат законите е градоначалниците ги темпираат проектите во програмите и ги закажауваат за последните шест месеци од мандатот и во очи изборите.
Во Антикорупцска веќе пристигнале поплаки од граѓани по кои се постапува а се однесуваат на прекршоци или злоупотреби во пресрет на стартот на кампањата. Антикорупционерите со 16 набљудувачи ќе ја мониторираат кампањата во 46 општини и ќе внимаваат на средставата кои се трошат и материјалите кои им се делат на гласачите.
Антикорупциска е поврзана со ситемот на Министерството за труд и социјала и Агенцијата за вработување и ќе ги следат донациите за кампањата кај политичките партии, односно дали се од лица приматели на социјална помош и дали донаторите имаат работен однос и можност за донација. Оттаму додаваат дека ќе ги испитаат и двата случаи каде министрите на ДУИ, Бујар Османи и Насер Нуредини со службени возила и во работно време, од седиштето на партијата во Чаир, ја промовираа изборната програма.
Огнен Чанчаревиќ
