Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен: Разговараме и со Бугарија за надминување на последната пречка

Европската комисија се фокусира Македонија до крајот на годинава да ги почне преговорите за членство со Европската унија, за што се работи и со Македонија и со Бугарија на надминување на последната пречка тоа да се случи. Со ваква оптимистичка порака претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, ја заврши прес-конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев и владиниот тим, на која рече дека земјава донела храбри одлуки и оти е сега ред на Унијата да испорача.

„Ние работиме напорно со двете страни. Имаме многу разговори и со Бугарија за надминување на последната пречка. Има многу добри идеји кои навистина задираат во суштината за да ја надминеме, како што веќе реков, последната пречка за да ја започнеме првата меѓувладина конференција. И наша цел е да ги започнеме со Северна Македонија и со Албанија пред крајот на годината“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен притоа информираше дека многу разговори се водат зад сцената и оти има многу теми кои можат да се решат со добар дијалог и со инвестирање во добри идеи. Таа и порача на земјава да не губи верба и да го направи чекорот за тоа да се реализира, иако не кажа конкретно кој е тој чекор кој треба да се направи.

„Ве повикувам да не ја губите вербата. Отидовме толку далеку, Изодевте толку долг пат. Направивте толку многу прогрес. Навистина ви честитам за тоа. Но изодете ја и таа екстра милја. Навистина ќе се исплати. И како што реков, ја имате целосната поддршка од многу пријатели во ЕУ“, порача Фон дер Лајен.

Освен од Комисијата, оптимизам дека до крајот на годината може да се надмине проблемот со блокадата од Бугарија стигна и од премиерот Заев, кој за тоа е охрабрен од пораките кои стигаат од Софија дека македонските идентитетски прашања не се на маса.

„Решние, кое ќе се темели на европските вредности и правила каде идентитетските прашања се многу важна работа и се почитуваат. Ние ги негуваме сите европски идентитети овде кај нас, сакаме и нашиот македонскиот идентитет со македонскиот јазик да бидат негувани. Драго ми е што имаме позитивни сигнали во тој дел на најважната област во која што се разговара, рече Заев на новинарско прашање“, рече Заев.

Заев притоа вели дека се работи на патоказот за соработката со Бугарија кој ги опфаќа двете ноти, првата за краткото и долгото име на земјата, а втората за немешање во внатрешните работи на другата земја, но и на португалскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.

„Како можно решение кое реално е прифатливо за двете страни. И тука е некаде решението“, изјави Заев.

Како продолжение на посетата на претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен и чекорите на Комисијата за надминување на ветото од Бугарија, утре во Скопје ќе допатува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој пред само една недела ја посети Бугарија со истата цел, надминување на блокадата и почеток на преговорите со земјава.

Тамара Грнчароска

Ројтерс: ЕУ повеќе не може да им го гарантира членството на балканските земји

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претседателски избори 2024 – хроника 15.04.2024

Дејан Дејан

Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран, сега ги разгледува своите следни чекори

Дејан Дејан

(видео)Адамчевски во Топ Тема: Нетанјаху не е човек од доверба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе