Вести Македонија Најважни

Рано е пратениците да расправаат за трагедијата во тетовската модуларна болница, оценува спикерот Џафери и чека резултати на истрагата

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет.

Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.

-Анкетната комисија не може да разгледа прашања што се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по денешниот брифинг со медиумите.

По пожарот во модуларната болница во Тетово, опозицијата поднесе барање до Собранието за формирање на Анкетна комисија, но тоа беше вратено како неуредно бидејќи не било испратено со уставното име на државата.

Обвинителството во Тетово засилено со обвинители од Скопје отвори истрага за пожарот и за тетовската модуларна болница, додека обвинителството за гонење организиран криминал и коруоција отвори друг предмет за да ги истражи набавките во целиот проект за изградба на сите 17 модуларни болници со кредит на Светска банка.

Досега нема никакви информации и детали што е откриено со познатото образложение дека истрагата е во тек и дека се прибираат документи и распрашуваат сведоци.

Петличковски: Бустер дозата кај нас нема многу да помогне за колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои не примиле ниту прва доза

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе