Вести Свет

Поради закана од нарко-мафијата, холандскиот премиер Руте го остави велосипедот и доби зголемена заштита

Холандија забележливо ја засили заштитата за премиерот Марк Руте, откако полицијата добила извештаи за можен напад од нарко криминалци, објави денеска холандскиот весник „Де Телеграф“, повикувајќи се на извор запознаен со заканата, а пренесе МИА.

Иако во Холандија многу ретко има случаи на вооружено насилство, убиствата и насилствата поврзани со дрога станаа вообичаени во последниве години, бидејќи групите од подземјето се борат за територии.

Владин извор, кој сакаше да остане анонимен, ги потврди написите на весникот, а холандските авторитети од националната безбедност одбија да го коментираат случајот.

-Безбедноста и заштитата се прашања за кои никогаш не треба да се зборува јавно, им изјави Руте на новинарите.

Холандскиот премиер, чија конзервативна влада вети дека ќе го сузбие организираниот криминал, од преземањето на функцијата премиер пред речиси 11 години постојано се обидува да одржи ограничено ниво на лична заштита.

Често патуваше со велосипед до и од својот дом и владините згради во Хаг, а често пати му пристапуваат минувачи кои сакаат да разговараат со него или да направат селфи.

Знак за зголемено насилство во трговијата со дрога беше кога водечкиот холандски новинар за криминал Питер Р. де Врис во јули беше застрелан среде бел ден во Амстердам, неколку месеци откако стана доверлив човек на клучниот сведок во големо судење за организиран криминал. Неколку дена по нападот новинарот почина од здобиените повреди.

Во 2019 година на сличен начин пред својот дом во Амстердам беше убиен и адвокат на клучен сведок во судски процес протиф мафијашките групи.

Заканите кон политичарите во Холандија не се невообичаени. Лидерот на антиисламската опозиција Герт Вилдерс од 2004 година е принуден да живее во безбедна куќа и постојано да биде опкружен со телохранители поради постојаните закани по живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе