Со 64 проценти Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца.
За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови.
Организацијата „Амнести интернешнал“ соопшти дека со ова гласање е направен голем чекор во рамноправноста. Ова, исто така, ќе значи дека на странските сопружници ќе им биде полесно да добијат швајцарско државјанство.
Законот ќе стапи во сила на 1 јули наредната година. Швајцарија со 8,5 милиони жители е традиционално конзервативна земја.
Противниците веруваат дека заменувањето на граѓанското партнерство со целосни брачни права ќе ги наруши семејствата базирани на семејство помеѓу еден маж и една жена.
