Ковид19 Македонија Најважни

Нема грешки во лекување на пациенти од КОВИД 19, тврди МЗ без да посочи број на извршени надзори

Молк од институциите за тоа како завршуваат инспекциските надзори за лекувањата на Ковид болните пациенти. Здравствениот инспекторат иницирал триесетина вонредни надзори, но за епилогот никој не зборува. Во меѓувреме се почесто млади луѓе се жртва на корона вирусот, а родителите сами започнуваат истраги.

Од почетокот на пандемијата државниот инспекторат добил 28 преставки со сомнеж во начинот на лекување на ковид позитивните пациенти. За сите веднаш е постапено и инспекторите направиле вонредни надзори. И толку. Од инспекторатот велат дека за сите до Министерството за здравство иницирале и стручни надзори, но нивните ингеренции завршуваат тука.

Државен санитарен и здравствен инспекторат: Министерството за здравство нема законска обврска да го известува ДСЗИ за исходот од стручните надзори. Инспекторатот нема ингеренции да ја цени стручната работа на докторите.

Министерството за здравство велат дека лекарската комора го врши стручниот надзор и дека во постапка има неколку. Од лекарската комора не одговараат. Во обвинителството не можат да кажат дали има кривични пријави за лекување од ковид 19 оти евиденцијата не се води на тој начин.

Јавно обвинителство на РСМ: Јавното обвинителство води електронска евиденција на предметите според лични податоци на пријавено лице. Од тие причини не сме во можност електронски да ги издвоиме предметите кои би се однесувале на евентуални кривични пријави поврзани со лекување од Ковид 19, за таква статистика би било потребно да се изврши директен увид во секој предмет поединечно.

Во вчерашната емисија на КОД, еден од родителите кој се охрабри да зборува а чија 23 керка Симона Ангелеска е жрва на вирусот рече дека сам почнал истрага.

КОД: Смртта на Симона Ангелеска за родителите системски пропуст, за докторите корона последица

-Трагедијата е што сите тие кои го направија ова, така се заштитени што ке дојдеш до онаа народната „кадија те тужи кадија те суди“- изјави Сашо Ангелески, татко на Симона која почина од Ковид 19.

Инаку со последниот бран на делта сојот на ковид 19 младите се почесто се жртви. Во септември на возраст од 40 – 49 годинипочинале 34, 12 пациенти на возраст од 30 до 39 години, петтемина биле на возратс од 20 до 29 годдини, еден пациент на 18 години и едно 2 годишно дете.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК-Веб сајт: Излезност до 17 часот- 42,38%, 7% повеќе од 2019-та, најголема излезност има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или девет отсто повеќе од претседателските избори во 2019 година

Дејан Дејан

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе