Ковид19 Код Македонија

КОД: Смртта на Симона Ангелеска за родителите системски пропуст, за докторите корона последица

Ова било и последната позитивна информација за здравјето на Симона. Следното утро кога обично се слушале со девојчето, никако не можеле да ја добијат на телефон.

Претходниот ден Симона ми рече „тато донеси ми пижами, да ги сменам“. И не знам зошто сталоно одев со автомобил, тој ден одлучив да одам со автобус. На клиника горе е хаос, нема кај да се паркираш. Ајде, викам, ќе одам со автобус, и така не се брзам, ќе го видам девојчево. Ми ѕвони бројот да ми каже дека починала Симона.

Шокот бил огромен за целото семејство. Мајката и сестрата на Симона лошата вест ја слушнале од Сашо.

На документите кои ги добиле по смртта пишува дека на 23 март во утринските часови нагло се случиле неролошка симптоматологија, со болки во десна рака и нога и пад на сатурацијата поради што е ставена на неинванзивна вентилација.

Прочитајте повеќе: КОД: Колку е платено за бегството од Ерменија изведено од македонската дипломатска тројка

И покрај терапијата во 9 и 40 се влошува состојбата и има обиди за реанимација, но нема реакција и одговор, и во 10 и 15 е настапена смрт.

Од Министерството за здравство велат дека вонредниот инспекциски надзор не утврдил ништо по увидот во евиденциите и белешките за третманот на Симона.

Целиот прилог и емисијата КОД во која се објавуваат ексклузивни информации за тоа колку и како се платени парите за македонската „дипломатска“ мисија која од Ерменија извлекува осомничен за финансиски криминал.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Дејан Дејан

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Дејан Дејан

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе