Вести Економија

Имотот на „Топлификација“ е проценет на 17,7 милиони евра без ДДВ, Чифлиганец ја купува за 9,3 милиони со ДДВ

Имотот на Топлификација кој го купи „Адора“ на Чифлиганец за 9,3 милиони евра со ДДВ е проценет на 17,7 милиони евра без ДДВ. Во огласот за јавната лицитација стои дека покрај Топланите Исток и Запад земјшитето, опремата и машините, Адора ја добива и управната зграда на Топлификација. Стечајниот управник Богољуб Макревски вели дека не е негово да коментира дали е задоволен од постигната цена на лицитацијата на која имало две понуди,а за најповолна е прифатена токму таа на Адора. Остава  Собранието на доверители на 8 октомври да го каже последниот збор.

Здружението на акционери од Топлификација денеска излезе со реакција, по информацијата за продажбата на компанијата. Велат имотот и побарувањата ма Топлификација се проценети на 63 милиони евра заедно со долгот на ТЕ-ТО од 28 милиони евра со правосилна одлука на Врховниот суд. А вкупните долговите на Топлификација пак се 20 милиони евра, од кои 17 милини се кон Комерцијална банка. Најавуваат и тужби.

Дел од процесните постапки се пред домашните надлежни орган, а две постапки се подготвуваат за судски институции надвор од државата. Тековната продажба на дел од имотот на Топлификација ќе биде предмет на процесна постапка во наредниот период.

Иако не е донесена финалната одлука на Собранието на доверители, сепак Адора вчера соопшти дека влегува во бизнисот со топлинска енергија.

Душко Чифлиганец, за Телма вели дека компанијата ќе прави економски анализи, по што ќе одлучи кои чекори понатаму ќе ги преземе. Вели за почеток ќе седнат со БЕГ и Регулаторна и ќе донесат заеднички став во функција на интересот на граѓаните.

Од Регулаторна пак смируваат дека  оваа грејна сезона нема да има никакви промени. Но за БЕГ, ова ќе значи нов договор, со нови услови за користење од новиот сопственик. А Адора пак понатаму има две опции.

Тука постојат две опции, новиот сопственик да ги изнајми или новиот сопственик да побара лиценца за вршење на енергетска дејност за производств на топлинска енергија за што постојат соодветни постапки и од тие причини ќе нема никакви промени во оваа грејна сезона. А во однос на цени на топлинска енергија и новиот сопственик без разлика кој и да е е вршител на енергетска дејност производство на топлинска енергија која што е регулирана енергетска дејност. И РКЕ како и до сега и понатаму ќе определува цени за вршење на оваа енергетска дејност. Што значи од аспект на цени ќе нема никакви промени и во наредниот период.– вели Бислимоски.

Од БЕГ пак официјален став најавуваат откако ќе завршат постапките и ќе направат анализи.

Инаку Адора како сопственик на Топланите Исток и Запад ќе произведува топлинска енергија која треба да ја изнајмува на БЕГ, кој пак има 35 годишна лиценца да ги снабдува со парно Скопјани. Мрежата пак што ја користи БЕГ за да стигне парното до граѓаните е во сопственост на ПУИК. А за сега е на чекање идејата Градот да го преземе управувањето со парното греење во Скопје.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе