Откако беа фатени со дрога двајца припадници на Одделот за гонење на компјутерски криминал на границата меѓу Црна Гора и Албанија, предмет отвори обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Во врска со кривично правниот настан за кој покажувате интерес е оформен предмет во кој ќе постапува надлежен јавен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кој ќе ги преземе сите неопходни мерки за расветлување на случајот.
Од МВР го потврдија случајот, но тврдат дека станува збор за претходно запленета марихуана која останала во возилото, скриена во бункер во гепекот на возилото. Од министерството додаваат дека двајцата службеници веќе се вратени во Скопје.
ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ДРОГАТА И ТОА ГО ПОТВРДИЛО И АЛБАНСКОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО И ТИЕ СЕ ВЕЌЕ ВРАТЕНИ ВО СКОПЈЕ, А ЗА ЦЕЛИОТ СЛУЧАЈ ГО ИЗВЕСТИВМЕ И НАШЕТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ И РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ, СООПШТИЈА ОД МВР.
Според објаснувањето на МВР двајцата вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за патувањето во Црна Гора задолжиле службено возило „Chrysler Voyager“ од автопаркот на министерството. Возилото било предадено во нивно владение од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, откако претходно Царинската управа во 2016 година го запленила во акција за сузбивање на трговија со дрога.
Прочитајте повеќе: 8-дневен притвор за уапсената за мито кумановска очна лекарка која барала наплата дури и од роднини на медицински лица
Сега обвинителството ќе треба да утврди дали верзијата одговара на вистината откако низ три институции (надлежни за сузбивање на криминал) се протнала спакувана марихуана и не била откриена.
Инаку запленетите возила се даваат на користење на институциите кои имаат потреба, крајслерот фатен со дрога, за среќа не завршил аво некоја институција за социјална политика или болница туку завршил во МВР но не бил испразнет до крај, според верзијата на Министерството.
Македонски полицајци фатени во Албанија со дрога запленета пред 5 години
