Вести Македонија Најважни

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски преку фирма на брат му испрале 500 илјади евра со фиктивни фактури

Борче Митевски на Драган Митевски му потпишал 24 фактури за јавни набавки. Првиот градоначалник на Општина Петровец, вториот е негов брат и газда на фирмата „Аце –ТРанс“ ДОО . Од денеска се гонат за перење пари ,злоупотреба на службената положба, поттикнување и злоупотреба на постапката за јавен повик. Криминалата шема ја пријавил вицепремиерот за борба против корупцијата, а кривичната пријава до обвинителството ја поднесе финансиската полиција која 6 месеци ја плетела мрежата како за 6 години од 2102-та до 2018-та Градоначалникот потпишал 24 фиктивни фактури на фирмата чијшто вистински сопственик е неговиот брат.

Тендерите ги добивала фирмата „Леома“ а откако парите ќе легнеле на сметката на фирмата скриенот сопственик Драган Митевски ги префрла на „Аце Трранс“ кадешто е управител. Со 120 илајди евра купуваа камиони, а дел се префрлале и ваделе како готопвина од трета фирма вмешна во криминалната шема.

Освен браќата Митевски, осомничени се и управителите на фирмите „Леома“ и  „Чола – Топ“, но и инженерот за надзор кој што ставал потпис на фиктивно наведените ископи и градежни работи. Градоначланикот Митевски општината ја води трет мандат а од следниот понеделник почнува со митинзи како кандидат за иден градоначланик на ВМРО-ДПМНЕ, но за оваа инфирмација на стасала до вицепремирот Николовски кој отфрли политички реваншизам во случајот.

На потег е обвинителстовот за борба ПРОТИВ организиран криминал кое треба да да ги погленде доказите и да одлучи дали ќе ги гони осомничените во истрагата за переење пари во Општина Петровец.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе