Вести Македонија Најважни

Филипче: Секој од нас е заменлив, се воздржувам од коментари додека трае истрагатa за Тетово

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница.

Министерот посочи дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства и како што напомена, ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава.

-Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, рече Филипче.

Тој додаде дека процесот на проверка и на комуникација со директорите на болниците, како и проверка од страна на Санитарниот инспекторат е завршен. Документацијата за модуларните болници, како што рече, е во проектната единица на Светска Банка во Министерство за труд и социјална политика и така е одговорено на барањата.

Во однос на оставката, министерот посочи дека секој од нив е заменлив, никој не е венчан за функцијата.

-Се воздржувам од сите коментари за се ова додека траат активностите на сите истражни органи. Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, тоа е мојот став во однос на се, додаде Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Која е опасноста од никотинските кесички кои се популарни меѓу тинејџерите кои слободно може да ги купат во трафика?

Дејан Дејан

Се чекаат ДНК-анализите – ќе бидат клучни за истрагата, по убиството на лекарот во Железара

Desk

Собранието го извиси народниот правобранител- не ги изгласа законски измени за поголеми ингеренции и финансиска независност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе