Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
Лидерите на сиромашните земји кои се обратија на ГС на ОН ги обвинија богатите земји за нееднаква достапност на вакцините.
Лидерите на земјите во развој на Генералното собрание на ОН предупредија дека трупањето вакцини против Ковид-19 во богатите земји овозможува развој на нови варијанти на коронавирус и дека инфекцијата повторно зема замав.
Филипините, Перу, Гана и многу други земји порачаа дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН ја нарече нерамномерната распределба на вакцината „бесрамна“.
„Богатите земји ја складираат вакцината, додека сиромашните ја добиваат со капалка“, рече филипинскиот претседател Родриго Дутерте.
Според него, „ова е шокантно и мора да се нарече со вистинското име – себичност која не е ниту оправдана ниту морална“.
САД вчера ветија дополнителни 500 милиони дози вакцина за други земји, а Кина две милијарди дози за остатокот од светот до крајот на годината.
