Вести Свет

Во Турција по грешка вакцинирани бебиња за Ковид 19

Турското Министерство за здравство почна истрага за наводите на турски лекар за погрешно администрирани вакцини против Ковид-19 на бебиња во Турција, јави турската телевизија НТВ.

Како што објави МИА, Проф. Д -р Зафер Куругауол од Медицинскиот факултет во Измир за телевизијата изјави дека лекарите ненамерно вакцинирале деца под една година против коронавирус.

Според него, имало случаи во кои бебињата биле погрешно вакцинирани против Ковид-19, наместо со вакцини против хепатитис Б.

Во исто време, Куругаол рече дека не се забележани несакани ефекти кај вакцинираните бебиња. До денеска, повеќе од 106 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција, 53 милиони луѓе со првата доза на вакцината

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе