Македонија Топ вести

Први на листата за ветинг во МНР се дипломатите во земјите на НАТО

Министерството за надворешни работи побарало, а Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ја започнало процедурата на ветинг на вработените во дипломатијата, откако во Србија беше уапсен дипломатот Миле Миленковски.

Првичната контрола во Министерството, кој има, а кој нема безбедносен сертификат и каков, им напиша две отказни решенија на две лица во МНР, а на уште шест им ги одзеде правата на работење со класифицирани информации, бидејќи немавремено поднеле барање за нивно обновување, со рок од седум дена да поднесат барање за нов сертификат.

Но ветингот кој го покрена случајот на Миленковски, освен прашањето кој се ракува со калсифицирани инфомации со МНР го отвори и прашање и на функционирањето на внатрешната контрола во институцијата, бидејќи според закон секоја институција е должна да има еден или повеќе офицери за безбедност на класифицирани иформации, во чии обврски меѓу другото е и вршење на редовна конотрола на лицата кои поседуваат безбедносни сертификати.

Закон за класифицирани информации Член 68:

„- Да ја спроведе постапката за доставување барања за издавање на безбедносен сертификат во рамките на субјектот и да води евиденција на лицата за кои е спроведена постапка;

– Да ја извести Дирекцијата за истекот на безбедносните сертификати, престанок на работењето или прераспоредување на корисниците на класифицирани информации;

– Да ја извести Дирекцијата за потребата за промена на степенот на безбедносниот сертификат“.

Од Дирекцијата за Телма велат дека за лицата коишто поседуваат безбедносен сертификат, секоја матична институција, односно офицерот за безбедност на класифицирани информации во таа институција, има обврска да ја известува Дирекцијата, во писмена форма за секоја промена на податоците во безбедносниот прашалник или промена на условите за добивање на безбедносен сертификат за кои знаел или можел да знае дека настанала.

Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за Телма потврдуваат дека барањето од МНР за ветинг на вработените таму до нив било стигнато и оти сите барање се процесуирани од нивна страна.

Точат „службено“ гориво во приватни коли за предизборни партиски потреби

А први на списокот за ветинг во МНР ќе се најдат дипломатите испратени во земјите-членки на НАТО. До Дирекцијата од МНР стигнало барање за 49 барања за издавање на безбедносен сертификат за пристап до НАТО класифицирани информации.

Тие на дневен ред на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а потоа на оперативните проверки од АНБ, ќе се најдат побрзо од планирано, бидејќи нивно безбедносно ресертифицирање, односно поседување НАТО безбедносен сертификат било нужно со самиот влез на земјава во НАТО, но апсењето на дипломатот Миленковски ја забрза нивната контрола.

„Приоритет е даден на лицата коишто имаат потреба од пристап до класифицирани информации на НАТО на секојдневна основа заради извршување работни обврски и должности, вклучувајќи ги тука и лицата коишто се испратени во НАТО мисии“, велат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Во меѓувреме уште 116 вработени во МНР со уредно поднесени барање за добивање безбедносен сертификат чекаат на одговор од службите дали ги исполнуваат условите да ракуваат со класифицирани информаци. 59 од нив уште од лани чекаат одговор од надлежните.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе