Македонија

Точат „службено“ гориво во приватни коли за предизборни партиски потреби

Кампања пред почетокот на кампањата, нереални ветувања, лошо планирање, номинирање на кандидати со сомнителни бизнис релации, лица кои претходно биле членови на друга партија, без личен интегритет и  квалитет, кампања преку социјални мрежи и интернет портали, специјално креирани за оцрнување на противниците.

Откако е забранета злоупотребата на службените возила во партиски цели, градоначалниците применуваат нова финта: горивото за  службените возила се точи во приватните кои се користат за кампања. Сето ова е уредно забележано од антикорупционерите, но џабе. Ниту имаат надлежност да казнуваат, ни некој ги слуша.Ова, велат, многу зборува и за интегритетот на партиите.

Иако се свесни за изигрувањето на законите, на антикорупционерите им се врзани рацете. Велат дека, ниедна институција не може да спроведе брза постапка и проверки на тоа, дали сите проекти кои се промовираат и отвораат во предизборниот период, се претходно најавени како што предвидува законот.

Директорите на болниците се обврзале дека се одговорни за надзорот на модуларните објекти

Особено институција што има проблем со кадарот и комуникацијата со останатите државни институции, како што има ДКСК.

Од Комисијата реагираат и дека, институциите  и партиите, не само што не даваат отчет, туку и ја игнорираат Антикорупциска. Никој од поканетите од партиите и ДИК, па дури и експертите, не се појави на денешната дебата, на која требаше да се разговара за овие проблеми.

Отсуството на интегритет, потенцираат антикорупционерите, влијае и на излезноста, а го подгрева и сомнежот, дали со вакви злоупотреби може да се очекуваат фер избори?

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе